Големиот американски лобист за Македонија, Џејсон Мико, на уникатен начин ни го честита Денот на независноста на Република Македонија

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 септември, 2018 13:31

Мико со порака од највисокиот врв во Јужна Аризона: Да живее Македонија!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Големиот Американскиот лобист за македонската кауза Џејсон Мико, позира со македонско изворно државно знаме со сонцето од Кутлеш, откако се искачи на највисокиот планински врв во Јужна Аризона.

Прослава на Денот на независноста на Република Македонија цела седмица- тука, на врвот Монт Рајтсон на планината Санта Рита, највисока точка во Јужна Аризона на 9.456 стапки (2.882 метри).

Да живее Македонија!“, напиша на „Твитер“ почесниот конзул на Македонија во Тусон, Аризона, до смената од сегашната власт во февруари годинава.

Џејсон Мико не пропушта прилика во своите планинарски потфати секогаш да се фотографира со актуелното или изворното македонско знаме но и да ја искористи својата улога во американското општество за промоција на политичките и општествените ставови на една идеологија.

“Македонија на Македонците.”

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.