Драги пријатели, мојата мајка Светлана Милошоска, која 40 години работи како медицинска сестра во болницата во Кичево, попладнево ме извести дека е позитивна на Ковид-19.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 јуни, 2020 21:18

Милошоски во самоизолација: Имал контакт со мајка му која е позитивна на Ковид-19

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Пратеникот и поранешен министер за надворешни работи Антонио Милошоски на својот Фејсбук профил објави дека од денеска оди во самоизолација поради контакт со неговата мајка која е заболена од Ковид 19.

Драги пријатели, мојата мајка Светлана Милошоска, која 40 години работи како медицинска сестра во болницата во Кичево, попладнево ме извести дека е позитивна на Ковид-19.
Веднаш по известувањето бев исконтактиран од надлежниот епидемиолог од Битола кој според здравствениот протокол ми пропиша мерка самоизолација до 6ти јули, заради кратката средба со мајка ми пред 5 дена во Кичево.

Мерката доследно ќе ја почитувам, како што ги почитував и правилата за носење на маска и честа хигиена во изминативе 4 месеци. До 6ти јули ќе имам две задолжителни тестирања од надлежните медицински лица. Инаку се чувствувам добро и засега немам никакви симптоми.
Она што ние како луѓе треба да го правиме е да ги применуваме заштитните мерки, да бидеме внимателни во однос на пандемијата, и да ги почитуваме советите на лекарите. Останатото е на науката и на Бога соопшти Милошоски.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.