Милошоски со правна поука за Катица Јанева

Објавил: Узунов Бобан | 18 јули, 2019 9:00

Милошоски: Катица наместо пред медиумите, покорисно е да даде изјава пред судија и јавен обвинител !

Фото/Текст извор: ©магазин

Пратеникот Антонијо Милошоски кој е дел во тимот на опозицијата во преговорите за СЈО  ја потсетува специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на членот 165 став 2 од ЗКП: „постои основан страв дека ќе ги спкрие, фалсификува или уништи трагите на кривично дело или ако особени околности укажуваат дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз свдоците, вештаците, соучесниците или прикривачите“. 

Тој и порачува на правдата наместо Катица да дава изјава за медиумите најдобро би било да даде изјава таму каде што треба – пред истражен судија и јавен обвинител.

Обвинителката за “рекет и изнуда” знае дека треба да биде во притвор согласно член 165 од ЗКП, бидејќи реално има позиција преку која може да сокрие или уништи траги и прислушкувани материјали злоупотребени во кривичното дело, а уште повеќе може да влијае на сведоците (жртви и/или соработници) во скандалот “Рекет”.
Затоа, не ја очекувајте Катица да даде изјава за медиумите. Покорисно би било да даде изјава пред истражен судија и јавен обвинител.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.