Милошоски рече дека кога се кандидирал пратеникот Ѓорчев, застанал зад неговата кандидатура бидејќи идеолошки гледано тие имаат прилично блиски ставови на повеќе на политички прашања.

Објавил: admin@magazin | 27 март, 2019 22:38

Милошоски со недвосмислена поддршка за Силјаноска Давкова- таа е повеќе либерален политичар отколку конзервативец

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Во вечерашното гостување во МРТ во емисијата ,,И што ако’’, Антонио Милошоски зборуваше за флоскулите на власта дека 33 политички партии дале поддршка за Стево Пендаровски, велејќи дека гласачите можат да бидат поумни од 33 политичари.

Во гостувањето во МРТ пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, рече дека она што ја прави разликата помеѓу конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, е тоа што кај ВМРО-ДПМНЕ имаше 9 кандидати, во кој има различни табори и различни лобирања кој треба да биде кандидат за претседател на државата, а додека кај СДСМ се гледаше дека само еден кандидат. 

Антонио Милошоски во вечерашното гостување заедно со потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири, изрази сомневање во демократскиот капацитет на СДСМ, со оглед на начинот на кој што СДСМ го одбра својот кандидат за претседател, Стево Пендаровски.

Тој изјави дека граѓаните во Република Македонија се поумни од политичарите.

Тој истакна дека кандидатурата на професорката Гордана Силјановска Давкова носи додадена вредност со оглед на нејзиниот критички став кон која и да е власт која сака да доминиpa на секоја позиција.

Милошоски рече дека кога се кандидирал пратеникот Влатко Ѓорчев, застанал зад неговата кандидатура бидејќи идеолошки гледано тие имаат прилично блиски ставови, на повеќе на политички и општествени прашања.

Во тој поглед бидејќи ценам дека на Република Македонија, токму заради еден баланс во општеството и европеизација, и треба критичар на власта, и јас тука го гледам нашиот заеднички именител и затоа ќе и ја дадам мојата поддршка и ќе гласам за професорката Силјановска Давкова. И таму каде што имам можност ќе се обидам да го промовирам и тој став, изјави Милошоски.

На конвенцијата госпоѓата професор Силјаноска, добила 408 гласови и според неговото мислење професорката Давкова, е повеќе либерален профил на политичар, отколку конзервативец, но она што тој го согледува кај неа како додадена вредност е дека важи како критичар на властите, на сите власти кои сакаат да доминираат на секоја позиција рече Милошоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.