Според Милчин Владата која ќе се формира сега нема да има долг век. Тој истакна дека оваа влада ќе има проблем да функционира со овој распоред на гласовите.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 јули, 2020 8:33

Милчин: Членка на НАТО можевме да станеме и без промена на уставното име

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во гостувањето во емисијата Само Вистина, на Канал 5 телевизија поранешниот директор на Отворено општество во Македонија и режисерот Владимир Милчин рече дека Македонија може да стане членка на НАТО и без промена на уставното име.

Владимир Милчин (Скопје, 29 април 1947) — македонски режисер, директор на Факултетот за драмски уметности, поранешен извршен директор на Отворено општество – Македонија (ФИООМ) под покровителство на Џорџ Сорос и поранешен член на претседателството на СДСМ.

Милчин истакна дека до сега тој не гледа никаква промена на Македонија откако влезе во НАТО, освен што некој функционер од власта ќе оди на некоја си координативна средба.

Мислам дека членка на НАТО ќе станевме и без промена на името. Но, и да станевме членка на НАТО после три години што ќе се променеше? Што е де факто во Македонија променето откако сме членка на НАТО? Јас немам одговор на тоа, освен тоа дека некој наш функционер сега ќе оди на некоја координативна средба, вели Милчин.

Тој зборуваше и за изборите, кои воедно ги нарече нерегуларни.

Ние имавме нерегуларни избори и ќе имаме некаква чудна како резултат на тоа, некаква чудна ми се чини нефункционална влада која што не работи во интерес на граѓаните, туку работи во интерес на партиите и бизнисот кој е залепен за нив.Тоа е пирова победа, бидејќи таа им ги врзува рацете, дури и кога би верувале дека тие имаат „добра намери“ ваквата мала разлика, ваквото ситно мнозинство нема да им овозможи да ги спроведат тие „добри намери“.

Според Милчин Владата која ќе се формира сега нема да има долг век. Тој истакна дека оваа влада ќе има проблем да функционира со овој распоред на гласовите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.