Реформи во администрацијата сред изборна кампања

Објавил: Узунов Бобан | 15 април, 2019 17:00

Министерот Манчевски најави “оптимизација” на администрацијата сред изборна кампања

Фото/Текст извор: ©магазин

На денешната прес конференција министерот за информатичко општество потврди две работи, прво дека Владата нема административен капацитет да преговара со ЕУ и второ дека Владата планира да ја намали бројката во администрацијата. 

Заедно со Министерството за труд и социјална политика, Секретаријатот за европски прашања и со Министерството за финансии работиме на предлог со кој ќе се овозможи начин, се надеваме, кој ќе привлече луѓе и од другите институции во рамки на јавниот сектор, но и надвор од институциите да се приклучат во процесот на преговорите. Ова е нешто на што ќе треба да работиме во следните неколку месеци, да одреагираме нормално бргу и навистина сметам дека ќе бидеме подготвени во оној момент кога ќе почнат преговорите да одговориме на барањата – изјави Манчевски, одговарајќи на новинарски прашања пред јавната расправа за измените на законите за јавен сектор и за административни службеници. 

Дилемата која се поставува во јавноста, е што правеше Владата на Заев во изминативе две години во градењето на административните капацитет и дали со ваквото признание се бара алиби за евентуалните неуспешни преговори со експертите на Европската комисија и негативните оценки што би ги добила оваа Влада ?

Ќе се работи на неколку полиња преку што ќе се обидеме да привлечеме луѓе не само од надвор и од институиците, бидејќи имаме капацитети во институциите што треба да го најдеме и да го канализираме на вистинско место. Секако динамиката ќе биде како што ќе тече отворањето на поглавјата. Во секторите што се први на дневен ред и не е толку лоша состојбата, но следуваат веднаш и други сектори што ќе се отвораат и мора да се работи брзо. 


По се изгледа Владата решила да ја намалува бројката на вработени во администрацијата, но станува нејасно дали тоа ќе биде под партиски клуч на подобни и неподобни административци за актуелната власт ? Симптоматично е што оваа мерка ја пласира во јавноста министерот Манчевски во сред изборна кампања што може да се толкува како притисок врз администрацијата, и второ тоа што истиот не утврдува по кој критериуми ќе се врши намалувањето на администрацијата.


Нема потреба да стравуваат од ништо, сѐ ќе биде доброволно, но факт е дека мора да направиме нешто во делот на реформа на системот и оптимизација на вработените во јавниот сектор, статус кво ситуацијата не може да остане – рече Манчевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.