Министерот Венко Филипче во интервју за Радио Слободна Европа призна две работи

Објавил: Узунов Бобан | 27 јануари, 2019 11:19

Министерот Филипче призна две работи: дека не ја вакцинирал внуката и дека има партиски влијанија за вработувања

Фото/Текст извор: ©slobodnaevropa.mk/магазин

Министерот за здравство, Венко Филипче во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека вакцинирањето на неговата внука било со цел да ги увери граѓаните дека вакцините се безбедни, но и дека таа е се уште мала и не може да биде вакцинирана од МРП.

Секогаш е добро да се покаже со личен пример дека нешто е вистина, дека нешто е вистински чекор и дека нешто е вистинска политика. И во таа насока беше вакцинирањето на мојата внука, која е се уште мала и не може да биде вакцинирана од МРП, меѓутоа и објавата беше во насока на тоа дека ние како здравствени власти ги уверуваме сите граѓани, родителите на малите деца дека вакцините се безбедни. Процесот на вакцинација е апсолутно безбеден, дека тоа е вистинска инвестиција во здравјето на децата. Мојот чин беше во однос на сите овие аргументи, изјави Филипче. 

Министерството за здравство во изминатиов период го потресоа неколку скандали. Најголем беше со милионската набавка без тендер за набавка на инсулин

Министерот Филипче на истото интервју имаше уште едно признание поврзано со вработувањата во здравството.  

Обиди за влијание имало и секогаш ќе има, меѓутоа ние се трудиме тие влијанија да ги сведеме на минимум, заради тоа што со вработувањето на младите доктори коишто имаат висок просек од студирање. Со тоа што се докажале, со тоа што публикувале трудови ние докажуваме и покажуваме дека ќе се стимулира квалитетот и веќе имаме примери. Видете по некои клиники примени се врвните студенти веќе добија свое место и така ќе продолжиме и во иднина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.