Традиционално, кога СДСМ е на власт масовно се продаваат општествените - денес државни објекти и имоти, под изговорот, транзиција, приватизација или економска криза

Објавил: Мирко Бачиќ | 22 ноември, 2018 7:31

Миновски по “стара” песна, ЕЛЕМ ќе ги продава атрактивните туристички локации?

Фото/Текст извор: ©lider.com.mk

АД ЕЛЕМ има огромни туристички капацитети, кои очигледно следејќи ја политиката на денационализација и транзиција, ќе ги решава со продажба или давање во приватно концесионерство.

Имено најавите доаѓаат од самите вработени, кои следат нелогичности но и бараат генералниот директор на АД ЕЛЕМ, Драган Миновски јавно да се произнесе по основ на шпекулациите.

Како информира Економски Лидер до нив стигна допис од вработени во фирмата ќерка на АД ЕЛЕМ, односно од Елем Турс, за можна приватизација на хотелските и угостителските капацитети со кои располага.

Елем Турс под себе има неколку хотелски и угостителски објекти. Станува збор за Хотел Попова Шапка, Хотел Славија и ски-центарот Попова Шапка со комплетно ски стазите во Шапка, Хотел Молика, Авто Камп Ливадишта во Струга и Хотел Молика во Битола, како и уште неколку други помали капацитети.

Вработените во Елем Турс, кажуваат дека се загрижени од можната продажба или приватизација на нивните објекти, бидејќи со тоа ќе останат без своите работни места.

Со доаѓањето на чело на директорот на АД ЕЛЕМ, Драган Миновски, започна да се зборува за приватизација на горенаведените објекти, а сомнежот станува уште поголем откако вработените прв пат од основањето на Елем Турс немаат земено плата.

Голем дел од објектите на Елем Турс се руинирани, а нивната употребна вредност сведена на минимум. – кажуваат вработените.

Оттука вработените поставува прашањето:

Како тоа ЕЛЕМ за едни од своите фирми ќерки е мајка, како што е случајот со ФОД, каде вработените добиваат плата, хранарини и К-15, а за други упрно се обидува да биде лошата маќеа, како што е случајот со Турс, за кои што е стопирана основната помош која што со години наназад ги обезбедуваше основачот за плати?

Иако дел од овие Турс капацитети се руинирани, нивната местоположба и имот на свое име гарантираат невидена можност за работа и големи заработки на приватници. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.