Ова се дел од 19-те нови канидати за градоначалници со кои ВМРО ДПМНЕ ќе настапи на локалните избори. Партијата ветува промени и нови проекти а убедени се дека само обединета опозиција може да донесе победа.

Објавил: Владо Марин | 20 август, 2021 17:17

Михајловски за Куманово, Костовски за Бутел, Стојковски за Ѓорче Петров- ВМРО ДПМНЕ утврди 19 канидати за градочалници

Фото/Текст извор: ©телма/магазин.мк

Актерот Тони Михајловски влегува во трката за градоначалник на Куманово, пратеникот Дарко Костовски за Бутел, доктор Александар Стојковски за Ѓорче Петров, Елеонора Рашковска за Берово, Александар Китански-Пехчево, Дејан Владев-Свети Николе.

Ова се дел од 19-те нови канидати за градоначалници со кои ВМРО ДПМНЕ ќе настапи на локалните избори. Партијата ветува промени и нови проекти а убедени се дека само обединета опозиција може да донесе победа.

Во текот на наредната недела и официјално ќе ја објават предизборната соработка со другите партии.

За СДСМ понудените кандидати не се нови лица и се од времето на Груевски.

Во меѓувреме тече рокот за собирање потписи за независни кандидати за градоначалници и за советници.

ДИК соопшти дека собрани се потписи за четири независни советнички листи предводени од Јана Белчева Андреевска за општина Центар, Петар Камчевски и Ристо Сакалиев за Кавадарци и група избирачи предводени од Аки Акиев за Кочани.

Се собираат потписи за уште 22   независни кандидати за градоначалник и членови на советот.Рокот е до 30 август. Од утре започнува увидот во Избирачкиот список кој ќе трае до 9 септември.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.