Во последно време, претседателот на ВМРО - ДПМНЕ се појасен дека партијата дефинитивно нема да го поддржи референдумот во форма која Заев очајно ја бара

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 септември, 2018 7:39

Мицкоски: “ВМРО – ДПМНЕ нема да го поддржи Договорот од Преспа”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари средба со германската канцеларка Ангела Меркел која беше во посета на Македонија.

Средбата помина во исклучително пријателска атмосфера помеѓу две сестрински партии кои се дел од Европската Народна партија. Разговаравме околу актуелната политичка ситуација во државата, акцент беше ставен на референдумот кој ќе се случи на 30 септември.

На средбата ги истакнав позициите кои ВМРО – ДПМНЕ ги имаше во изминатиот период за тоа зошто ВМРО – ДПМНЕ не може да го прифати овој Договор и зошто ВМРО – ДПМНЕ не се согласува со содржината на овој Договор, – истакна Мицкоски.

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ посочи дека ја информирале канцеларката за акцијата во рамки на „Лето за Македонија“.

Информиравме дека во текот на наредната недела партиските тела на ВМРО – ДПМНЕ ќе имаат состанок и ќе биде донесена конечната позиција. Генерално акцент беше ставен на актуелните политички случувања во државата, – нагласи Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.