Обраќајки им се на политичарите од владејачкото мнозинство, Мицкоски порача да не се дрзнуваат да го чепкаат македонскиот идентитет, јазик и историја.

Објавил: Рејхан Бајрами | 1 декември, 2020 6:16

Мицкоски денеска ке го блокира Скопје: Ќе ја истера ли правдата на виделина?

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска преку видео обраќање истакна дека утре ќе се организира протест кој ќе започне во 12:30 часот пред Владата и пред Министерството за надворешни работи.

Ако денеска не успееме се плашам дека некоја од идните генерации ќе имаат можност грешката која што денеска ќе ја направат Зоран Заев и СДСМ ќе имаат можност да ја поправат, рече Мицкоски.

Обраќајки им се на политичарите од владејачкото мнозинство, Мицкоски порача да не се дрзнуваат да го чепкаат македонскиот идентитет, јазик и историја.

Тој упати порака и до политичарите.

Немојте да се дрзнете да го чепкате македонскиот идентитет, македонскиот јазик, посебност, македонската историја, традиција, обичаи. Немојте да се дрзнете и да помислите и да се откажете од македонското малцинство кај нашиот источен сосед затоа што таа хартија која што вие ќе ја потпишете е безвредна. Следната Влада која што ќе биде Влада на единство, истото тоа парче хартија нема намера да го почитува.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.