Се е добро на хартија но нема импементација. Ние дадовме повеќе од што заслужува Владата и таа криминална дружина, но ние не го правиме за Заев и за криминалната дружина, туку за државата, рече Мицкоски.

Објавил: Перо Милчин | 29 јуни, 2019 21:15

МИЦКОСКИ: „Заев во Собранието изјави дека ќе не смачка на избори, па еве нека распише избори”

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за телевизијата Канал 5, зборуваше за метлата на Заев, за можноста за предвремени избори, но и зошто ВМРО-ДПМНЕ преферира парада на семејни вредности а не парада на гордоста.

Во интервју за телевизијата Канал 5, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека онструктивноста е кај ВМРО-ДПМНЕ а деконструктивноста кај СДСМ. Тој рече дека подобро што поскоро да се распишат предвремени парламентарни избори. Заев во Собранието изјави дека ќе не смачка на избори па еве нека распише избори, изјави Мицкоски.

Ние како опозиција сме конструктивни и понудивме соработка за да се добие датум за преговори со Брисел, Зоран Заев не одговори. СДСМ како опозиција одеше по улици, уништуваше. Се боеја згради…, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на телевизија Канал 5.

Јас не видов метла, видов една метла која беше резултат на притисокот од социјалните мрежи и јавноста кога на сите им беше јасно дека Заев не може да биде и премиер и министер за финансии. Заев ги потцени сите во Министерството за финансии и Владата. Мораме да ги натераме овие луѓе во Владата дека ова што го прават не е добро. Затоа е подобро час поскоро да распишат предвремени парламентарни избори. Заев во Собранието изјави дека ќе не смачка на избори па еве нека распише избори, па еве нека распише избори, рече Мицкоски.

Мицкоски во вечерашното интервју посочи дека бидејќи немало одговор од Заев и Владата, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со лобирање самостојно за да се добие датум за преговори со Брисел. Укажа и што им било кажано оттаму.

Велат дека нема реформи, Владата не испорачува. Пред некој ден знаете што кажа францускиот амбасадор Тимоние и што кажа Германската бизнис асоцијација за бизнис климата и економијата. Тие го кажуваат истото не се испорачува, нема реформи. Тоа што ние го зборуваме го зборуваат и нашите партнери од меѓународната заедница, рече Мицкоски и додаде дека претставници на партијата продолжуваат со работа и со лобирање за датум. Ако ја споредиме конструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ и деконструктивноста на СДСМ кога беше опозиција таа е неспоредлива.

Се е добро на хартија но нема импементација. Ние дадовме повеќе од што заслужува Владата и таа криминална дружина, но ние не го правиме за Заев и за криминалната дружина, туку за државата, рече Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести