Човек со големо срце и добрина. Маестро големите никогаш не умираат. Слава ти!

Објавил: Владо Марин | 1 јануари, 2021 22:06

Мицкоски: Маестро, големите никогаш не умираат

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на социјалните мрежи се прости од маестро Зоран Џорлев и напиша дека големите луѓе никогаш не умираат!

Човек со големо срце и добрина. Маестро големите никогаш не умираат. Слава ти, напиша Мицкоски!

На 53-годишна возраст почина Зоран Џорлев еден од најдобрите македонски виолинисти, вокален изведувач и професор.

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи, каде пријателите почнаа да се простуваат од легендата, ја потврди и неговиот внук Огнен Здравковски.

Од Министерството за здравство потврдија дека Џолев се лекувал од ковид-19, но денеска ја загубил битката со вирусот.

Тој беше познат по многубројните обработки и изведби на македонски народни и забавни песни, обработки на филмски, џез и етно теми!

Џорлев е роден во Струмица на 10 јануари 1967 година, каде го поминал детството, живеејќи на улицата „Пере Тошев“ во близина на киното, заедно со братот Ристо (Ице) и сестрата Софче.

Тој е дете на Наско и Грозда Џорлеви, а татко му е познат композитор на народна музика и водач на оркестар. Кога бил првооделенец, со семејството се преселил во Скопје. Уште во раното детство, во Струмица, започнал да свири на труба, хармоника и гитара.

Во 1977 година почнал да свири на виолина, откако претходно во музичкото училиште бил одреден да свири на пијано, зашто „немал предиспозиции за виолина“. Во 1989 дипломирал виолина на Факултетот за музичка уметност. Познат е по обработките и изведувањето на македонските народни и забавни композиции, обработки на филмски, џез, етно теми. Работел како професор по виолина, а беше и директор на ДМБУЦ Илија Николовски-Луј во Скопје. Во јануари 2011 беше назначен за директор на ансамблот за народни игри и песни „Танец“, каде остана до август 2017 година!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam