Жална вест.

Објавил: Перо Милчин | 11 јуни, 2023 13:13

Почина Дарко Димовски, претседател на Сојузот на синдикати на Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Димовски почина на 45-годишна возраст.

Колегите, соработниците и работниците, велат од ССМ, ќе го паметат како голем борец за работничките права кој остави длабок белег во синдикалното и работничкото движење на Македонија

Почина Дарко Димовски!

Почина претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Дарко Димовски.

Веста ја објавија од ССМ, а пријателите и соработниците на социјалните мрежи се збогуваат со синдикалниот лидер.

„Со жалење информираме дека по кратко боледување на 45-годишна возраст, почина претседателот на ССМ, Дарко Димовски. Колегите, соработниците и работниците ќе го паметат како голем борец за работничките права кој остави длабок белег во синдикалното и работничкото движење на Македонија. Од името на Сојузот на синдикатите на Македонија, изразуваме длабоко сочувство на неговото семејство“,објавија од ССМ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam