Според Димовски, ВМРО-ДПМНЕ ќе издвои значителна победа во Град Скопје и скопските општини, додавајќи дека се виде капацитетот на власта во однос на реализација на проекти, афери, скандали и лоша економска политика.

Објавил: Мирко Бачиќ | 20 септември, 2021 6:16

Димовски: ВМРО-ДПМНЕ ќе издвои значителна победа во Град Скопје и скопските општини

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во вчерашното гостување во Тема на денот во Централниот дневник на Сител поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски вели несомнено е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има значително повеќе од СДСМ на републичко ниво, зборувам генерално и тоа ќе биде процесот кој што ќе отвори делегитимација на оваа влада.

-Овие избори како локални избори имаат голема аритмика на гласови, значи мнозински систем, не е пропорционален, се гласа и за градоначалници и за листи , дополнително се гласа и за Град Скопје.

За прв пат имаме коалиција со албанските партии на двата политички македонски блока. Во секој случај мислам дека во сите споредби и во број на советници и во број на гласови и во број на градоначалници ВМРО-ДПМНЕ, односно опозицијата поради тоа што голема коалиција над 20 политички партии ќе однесат предност, смета Димовски.

Според Димовски, ВМРО-ДПМНЕ ќе издвои значителна победа во Град Скопје и скопските општини, додавајќи дека се виде капацитетот на власта во однос на реализација на проекти, афери, скандали и лоша економска политика.

Јас мислам дека и во Скопје ќе биде најзначајната победа на ВМРО-ДПМНЕ и во општините и во Градот Скопје. Знаете секогаш големите градови Скопје, Битола, Велес, Прилеп се градови кои што први ја создаваат климата на промени на власт. Ние навистина сме во еден период после четири и пол, скоро пет години ако ги имате во предвид оние технички влади се виде каков капацитет има оваа власт, се виде каде заглавија во проекти, каде заглавија во аферите, во скандалите, со надворешната политика, економијата ни е на шкрги. И мислам дека нема дилема, прашањето е само колку ќе биде разликата во полза на опозицијата, рече тој.

Димовски нагласи дека овие избори се важни за граѓаните бидејќи самите тие треба да си одговорат дали во нивните општини во изминатите четири години има изградено повеќе градинки, дали е решен урбаниот хаос, дали има повеќе паркинг места или пак паркови, односно како што рече тој од сите досегашни анкети се покажува дека граѓаните се незадоволни од реализацијата на ветените проекти од страна на досегашните градоначалници од СДСМ.

Овие избори се значајни и за граѓаните. Се поставува прашањето зошто сер значајни за граѓаните, бидејќи токму граѓаните треба да си одговора на повеќе прашања, дали во нивната општина има повеќе градинки или има исто градинки, дали во нивната општина има повеќе паркинг места, повеќе паркови, дали се среди урбаниот хаос или не се среди урбаниот хаос или тој стана мултиплициран, дали се изградија нови сообраќајници низ градовите, дали има дополнителни содржини во овие четири години. Според сите анализи кои што се правени на реализација на ветените проекти на досегашните градоначалниците од СДСМ, но и според анкетите кои можеме да ги видиме, граѓаните се апсолутно незадоволни, кажа Димовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...