-Ќе ве потсетам, ние не одбравме да шетаме, да го бојадосуваме зградите, да ги кршиме просториите на претседателот на државата, на Владата на Република Македонија. Ние не одбравме како што заменскиот министер за финансии пишуваше дека Македонија не треба да се кредитира и на тој начин ја кредитираа Македонија, но граѓаните плаќаа повеќе поради кусогледоста, рече Мицксоки.

Објавил: Весна Петровска | 20 јуни, 2019 21:41

Мицкоски: Не кршевме државен имот како Заев, и не ги лажевме граѓаните

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во гостувањето на телевизија Клан изјави дека ВМРО-ДПМНЕ е државотворна партијата, иднината на државата е пред се над се. И тоа покрај тоа што можеби ВМРО-ДПМНЕ, губеше политички во одредени сегменти, сепак одлучи да ја поведе Македонија да оди напред и да ја поведе Македонија да биде дел од европското семејство.

-Ќе ве потсетам, ние не одбравме да шетаме, да го бојадосуваме зградите, да ги кршиме просториите на претседателот на државата, на Владата на Република Македонија. Ние не одбравме како што заменскиот министер за финансии пишуваше дека Македонија не треба да се кредитира и на тој начин ја кредитираа Македонија, но граѓаните плаќаа повеќе поради кусогледоста, рече Мицксоки.

Христијан Мицкоски гостин во телевизијата Клан

Лидерот на ВРМО-ДПМНЕ укажа дека сето тоа е правено зошто се мисли на државата, зошто единствен пат за Македонија е европската перспектива. -Нема алтернатива, нема друга алтернатива за Македонија тоа е единствена алтернатива, рече Мицкоски.

Исто така Мицкоски посочи дека Заев и Владата ги излажа граѓаните дека ќе добиеме датум за преговори со ЕУ/

Македонските граѓани се навикнаа во овие нешто повеќе од две години влада која што ја предводи СДСМ и Зоран Заев да имаме континуирано не говорење на вистината, се обидуваат преку одредени пи ар стратегии да поткреваат очекувања во јавноста. Но знаете кога ќе ги поткревате очекувањата во јавноста и кога тие очекувања немаат реална основа потоа следат големи разочарување, појасни Мицкоски.

Лидерот додаде дека токму тоа не е добро се губи оптимизам кај граѓаните. И кога граѓаните ќе го изгубат оптимизмот следен чекор е да ја напуштат Македонија. Минатата година имаше популарно наречено „селфи“ од нашиот премиер г. Зоран Заев заедно со неговите соработници, таму беа ако не се лажам г. Анѓушев, г. Османи, г. Димитров итн. Кога брутално, грубо се сликаа и го објавија и рекоа дека Македонија ќе добие датум за преговори. Потоа истиот тој човек во парламентот збореше дека советот си ја завршил својата работа и дека советот никогаш повеќе нема да се навраќа назад да и доделува на Македонија датум за отпочнување на преговори. Се случија веселби потоа кога се трошеа народни пари, стотици илјади евра на даночните плаќачи на Република Македонија, панаѓурски прослави низ плоштадите на земјата, нагласи Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.