Од Охрид

Објавил: Калина Мартинска | 18 април, 2024 13:34

Мицкоски: По формирање на влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе се реализираат уште поголем број проекти

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Градежните активности и реализацијата на проектите во општина Охрид продолжуваат со несмалена динамика.

„Градоначалникот Пецаков заедно со тимот, администрацијата, советниците кои ја поддржуваат работата на градоначалникот Пецаков по оној историски момент кога ја одблокира општина од децениски долгови и неколку јавни претпријатија продолжува со несмалена динамика да ги реализира ветувањата кон граѓаните, ги подобрува условите во општина Охрид и ја збогатува туристичката понуда нешто што му е важно на Охрид“ рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Она кое е денес предмет на нашата посета е увид во градежните активности во 3 клучни проекти спортска сака, училиште и авантуристички парк, рече тој.

„Јас само можам да посакам на овој прв ден од кампањата за парламентарните избори да посакам уште многу вакви проекти. Знам дека амбицијата на градоначалникот Пецаков е огромна, знам дека неговата желба да направи проект повеќе за охриѓани е огромна и таа желба ќе биде уште поинтензивна откако ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира следната влада и ќе се реализираат уште поголем број проекти, дури и проекти кои се за доброто на охриѓани, а истовремено можеби не биле дел од ветувањата во кампањата за локалните избори во 2021“ вели Мицкоски.

Уште еднаш му честитам на Кире, честитам на администрацијата на советниците кои ја поддржуваат работата на досегашните пратеници во македонскиот парламент, но и идните пратеници во македонскиот парламент кои несебично до сега, а и во иднина ќе ја поддржуваат развојот на Охрид и ќе соработуваме со градоначалникот Пецаков и администрацијата овде, дополни тој.

ВМРО-ДПМНЕ според преизборната програма планира општините да добијат 1 милијарда евра во рок од четири години за капиталните инвестиции, односно по 250 илјади евра годишно за изградба на градинки, училишта, спортски терени, асфалтирање улици, водоводот и канализација и.т.н.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.