Мијалков и Тодоров без полициско обезбедување а Мицкоски веќе цел месец "корисник" на истото

Објавил: Мирко Бачиќ | 7 август, 2018 17:28

Мицкоски пред еден месец побара и добил полициско обезбедување

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во денешните соопштенија зошто на Мијалков и Тодоров им прекинува користењето на полициско – службено обезбедување намерно или не се изостави кој скоро добил таков вид заштита.

Имено претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред месец дена побарал и добил полициско – службено обезбедување 

Полициско обезбедување може да се додели по барање на лицето кое појаснува дека има безбедносен ризик по неговиот живот или да биде продолжено по претходна проценка за безбедноста на субјектот.

Познавачите на законите за полицијата се уверени дека одлуките се носат врз основ на проценки кои некогаш се точни а некогаш погрешни.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.