Претседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Мицкоски, оствари средби со претседателите на УМС, УЖ и ОК, но најави и кривична за СДСМ за видео записот со кој сакаат да го диксредитираат

Објавил: Мартин Попоски | 4 ноември, 2018 15:09

Мицкоски со огромна поддршка, најави кривична против СДСМ

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, реши да ја провери сопствената доверба во редовите на партијата, при што оствари работни средби со сите структури.

Во моменти кога одментнатите пратеници на чело со Канческа Милевска преговараат со Заев со амандмани кои веќе се дел од текстот од Преспанскиот договор, и кога главните “спонзори” Мијалков и Јанчев се отстранети, воедно и човекот кој оркестрира правно во позадина, Тодоров, Мицкоски наиде на огромна поддршка од партиските структури.

По оставките на Даниела Рангелова од Унија на жени и Лука Кржалоски (роден внук на Канческа Милевска) од функцијата претседател на Унија на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ, Мицкоски започна со иднината.

Оствари средба со сите претседатели на УМС, кои безрезервно му ја искажаа својата поддршка, и кон ЕУ и НАТО интеграциите, и за внатрепартиските разрешувања но и за противењето кон штетниот Преспански договор.

Мицкоски викендов оствари средба и со претседателските на УЖ, а вчера и со претсетелите на Општинските Комитете од цела држава.

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ не очекува дека по ова обидот за пуч ќе продолжи, затоа што од прва рака се информираше кое е мислењето за постапките кои ги води.

Имено последниот напад врз ВМРО – ДПМНЕ беше замрзнувањето на имотот на партијата, и тоа на 69 партиски ОК и централниот објект.

Меѓутоа вчера во јавноста излезе видео запис, спонзориран од СДСМ поставен на социјалните мрежи кои официјално ја преставуваат партијата на власт.

Видео записот има навредлива, неточна и тендециозна намера да го дискредитира претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, кој откако го контактираше нашата редакција, кратко ја остави отворена можноста дека од понеделник постои можност да поднесе соодветна кривична пријава против СДСМ за нарушување на угледот и честа, како и за клевета.

линк до видео записот постиран на официјалните социјални мрежи на СДСМ, за кој Заев ќе мора да се објасни на суд

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.