Претседателот на најголемата партија Христијан Мицкоски, генералниот секретар на партијата Игор Јанушев и потпретседателот Александар Николоски го бојкотираа денешниот референдум

Објавил: Мартин Попоски | 30 септември, 2018 19:57

Мицкоски, Јанушев и Николоски со бојкот на референдумот, дел од раководството на ВМРО – ДПМНЕ гласаше

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Инфомацијата дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нема да излезе да гласа ја обелодени партискиот портпарол на прес-конференција во текот на денот.

Генералниот секретар на партијата Јанушев вели со бојкотирање на референдумот го искажал револтот кон предавничкиот договор со Грција.

Потпретседателот на партијата Николоски, пак наведува дека гласањето за прекрстување на Македонија за него претставува лично понижување и газење на достоинството.

Кршење на основно човеково право е друг да ти каже кој си и што си. Народот е јасен. Не сака да се прекрсти. Не сакам и јас! Затоа решив денес да не гласам. Не можам да гласам за името на мојата татковина. Таа има име, било и ќе биде Република Македонија! – напиша Николоски.

За разлика од  нив дел од опозиционите пратеници и видни партиски членови на ВМРО – ДПМНЕ решија да се изјаснат по референдумското прашање.

Своето право на глас го остварија координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, пратеничката и претседателка на партиската Унија на жени, Даниела Рангелова, пратеникот Крсто Јовановски, како и екс-министерот за здравство Никола Тодоров, како и кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Мислам дека секој граѓанин треба да си го искористи секое демократско право, според сопствени убедувања, мислења и толкувања. Јас како носител на функција градоначалник, избран од народот, имав една морална обврска да излезам да го покажам тој демократски морал и чин и да се произнесам со мојот глас. – посочи Јанчев по гласањето.

Запрашан за став за денешното одлука на видни партиски членови да гласаат на референдумот, партискиот портпарол упати на ставот на партијата – да се постапи според сопствено убедување.

Иако дел од порталите објавија дека своето право на глас го остварила и пратеничката Жаклина Пешевска,но таа демантираше дека гласала на денешниот референдум.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Референдум

Во одредени избирачки места се гласало на секои 9 до рекордните 5.4 секунди во Центар Жупа, со што во последните 30 минути од референдумот се уфрлени над 50.000 ливчиња

Во Центар Жупа рекордно се “гласало” на секои 5 секунди

Обвинувањата од страна на ВМРО – ДПМНЕ и Светскиот Македонски Конгрес, кои сметаат...

Министерството за надворешни работи на Грција со изјава во која стои дека и самите се збунети што се случи во Македонија и дека коментарите се контрадикторни со реалноста

Грција е збунета кој што слави во Македонија

Голем дел од општеството го поддржа договорот, друг дел го гледа со скептицизам, но...

По "далеку од здрав разум" изјавите на Заев и Ахмети, се јави и нивниот ментор, Јоханес Хан кој честита пропаднат референдум

Хан им честита на малцинството граѓани кои гласаа на пропаднатиот референдум

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан смета дека гласовите “за“ на референдумот...