Чекајќи го скринингот од ЕУ, (кој никако да почне) СДСМ ни го промени името!

Објавил: Македонка Димкин | 28 јануари, 2019 23:10

Мицкоцски: Јас сум победник и не размислувам за порази.

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин.мк

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на МРТ на прашањето дали е подготвен да биде премиер на Република Северна Македонија, одговори:

Јас сум подготвен да бидам премиер на Македонија.

Ципрас јасно и гласно кажа дека признаваме нација, признаваме државјанство. Само прочитајте ја дипломатскта нота во која Димитров објаснува дека nationality подразбира државјаство, а не нација. Ова значи дека самите се откажуваме од нацијата, вели ова не е нација, тука е државјанство. ВМРО-ДПМНЕ ќе ја добие довербата и ќе се стори се овој процес да го измени, да ја добиеме довербата и ќе видите, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ на конгресот на ЕПП, каде македонската партија има право на четири гласа, колку што и брои членови делегацијата на матичната партија – членка.

Алсат: Дали сеуште имате лоши односи со меѓународната заедница:

 Мицкоски: Ниту сме имале ниту ќе имаме лоши односи со меѓународната заедница. Ние имаме одлични односи кои се на едно партнерско ниво, а ВМРО ДПМНЕ е силно интегрирана во евроатланските партии.  Јас често патувам и претстојниот период ќе  бидам исто така во директен контакт со нашите европски партнери. Сепак кога се однесува до договорот ВМРО ДПМНЕ јасно кажа дека е против овој договор и тоа е демократски но не е во спротивност со духот на  меѓународната заедница. Јас секогаш им кажував на европјаните дека Македонците се чувствуваат како македонци. 

 МТВ: Кога сите од власта зборуваа за Економија вие зборувавте за црнила?

Актуелната власт е непресушен извор за критика, до вчера се расправаа со пензионерите, сега се јавија и лозарите, а се активираа и јаболкарите. И сето тоа е за нас императив за да имаме предвремени парламентарни извори и не само што не ја потрошивме енергијата за критика кон власта туку напротив ние и акумулиравме уште повеќе. Црнила е комплимент за тоа што се случуваше на полето на економијата. Никој од власта не сноси одговорност, кога ќе го критизирате премиерот тој ви вели, „ако го отпуштам министерот со кого ќе работам„. Со економијата имаме еден мултипајтон. Страшно е и не гледам врз основа на која политика и реформи Македонија би се развивала понатаму.

Алфа: Вие ја нарекувате економијата на Заев црнила, кога станува збор за платите Заев рече ќе облечел опинци ако требало, дали е можно тоа да се оствари, и што би направиле вие во однос на платите?

Сите параметри ако се анализираат ќе видиме дека ние не можеме да оствариме раст со оваа власт. Го слушав Заев каде што ветува се и сешто но каква е реалноста. Ги разбирам дека од ПР аспект ќе ветуваат се и сешто. Но ако вие го темелите вашиот раст на претпоставка тогаш тоа е катастрофален потег. Најпогодена ќе бидат производителите на челик кои ќе трпат загуби до 150 мио годишно. И друг параметар исто така забавува и растот во ЕУ и тоа значи дека сите овие производители веќе имаат или ист или намалена побарувачка а ако гледате дека реализацијата на капиталните инвестиции ви е катастрофална а проектниот менаџмент не се учи преку ноќ, и ако сето тоа го ставите во една равенка ќе видите дека ние нема да имаме никаков пораст.


На денешната дебата на МТВ беа поканети и новинари од 5 други национални тв куќи, како што се Канал 5, Алсат, Алфа, Телма и Сител,  телевизијата на Боки 13 кој преку ноќ од шоумен со мини сукња постана сопственик на моќна ТВ не беше меѓу нив.

Намалена е куповната моќ на граѓаните, удираат по пензиите, по пазарџиите кога имате репресивна економска политика. Најпрво велеа ќе ги бркаат странските инвеститори бидејќи требало да се стави фокус на домашните сега повторно зборуваат дека ќе носат странски инвестиции. Но, каков бенефит имаат граѓаните и каква надеж ние ќе предизвикаме за да останат во Македонија?
Ситуацијата е алармантна веќе се иселуваат цели фамилии поради несигурноста во правниот систем, довербата во правниот систем е моментално на нула, а тоа се пресликува и кај инвеститорите. ВМРО ДПМНЕ има исклучително богата програма која ќе обезбеди стабилен раст и зголемување и синергија помеѓу образованието економијата и стопанството. Затоа ни се потребни структурни реформи.


Алсат: Актуелен е скандалот со 19 милини евра и обвинувањето е дека тоа се случило кога ВМРО се беше на власт, дали чувствувате одговорност?

Го слушнав скандалот и денес се информирав поконкретно, и ја охрабрувам министерката до крај да го обзнани овој скандала но се плашам дека ќе заврши повторно со политички договор. Реалноста е поинаква., јас ќе бидам среќен ако министерката со име и презиме ги обвини тие кои што проневериле 19 милиони евра а не паушално. Парите не се потрошени ниту некој ги украл, а раководителите на тие две позиции не се од ВМРО ДПМНЕ туку од ДУИ.

Како да се донесат странски инвестиции со зголемен данок, со иселување на кадарот од Македонија, како да се зголеми БДП ако уште на стартот се прави се обратно рече Мицкоски


Никола Груевски на неговиот легендарен говор кога ја бараше поддршката од народот меѓу другото рече дека ВМРО не правело стратешки грешки, за што Мицкоски денес го коригираше: „имало и стратешки грешки можеби уште  уште порано требаше да се расчисти со транзицијата„

Мојот претходник еднаш рече, „сме имале грешки во економијата но фала богу не сме имале стратешки грешки„ не е така имавме и стратешки грешки, можеби тогаш требало поодлучно да расчистиме со транзицијата, рече Мицкоски мислејќи овде на Груевски.


Канал 5. Зборувате на структурни ВМРО а не зборувате реално за проблемот со пензискиот фонд кој е пред колапс:

Доколку вие сте избрале да одат парите во вториот фонд тогаш е тоа ок, но овие луѓе не избрале да одат во вториот фонд, и во законски рок од 3 месеци требало МАПАС да ги прераспредели но тие тоа не го направиле

Канал 5: Имаме проблем со администрацијата, кој структурни реформи планирате вие да ги направите доколку добиете на избори?

Откога се промени власта ретко кој зборува за ова прашање, ниту пак  говориме дека сме најзагадени во Светот, додека власта како опозиција шеташе со маски и ветуваше алпски воздух, сега никој не прашува .Не се прават структурни реформи  со покачување на пензиите на 0.5%  туку со закрепнување на економијата. ВМРО ДПМНЕ може да ја  дигне економијата

Канап 5: Дали имате добиено кандидатура до Гордан Силјаноска и Влатко Ѓорчев и колку од актуелните пратеници ке ги ставите пак на листата за пратеници

До овој момент имаме две кандидатури, македонската јавност многу брзо ќе ги дознае кандидатите а најкасно до 16 февруари

Очекувам поддршка од сите граѓани од Република Македонија, не сакам да имаме етнички предзнак пред власта. Јас сум победник и не размислувам за порази рече Мицкоски на крајот од скоро двочасовната дебата на Македонската Радио Телевизија

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.