Соединетите Американски Држави со "зелено светло" кон идејата на Вучиќ и Тачи за размена на територии

Објавил: Мирко Бачиќ | 31 август, 2018 6:35

Мичел во телефонски разговор со Вучиќ и Тачи со подршка на дијалогот на Србија и Косово

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Помошник државниот секретар на САД Вес Мичел денеска имаше одделни телефонски разговори со претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, давајќи им притоа поддршка на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Српскиот претседател Вучиќ, разговарал со Мичел за дијалогот помеѓу Белград и Приштина, европскиот пат на Србија и за подобрување на билатералните односи-соопштија од кабинетот на Вучиќ.

„Во разговорите е констатовано дека САД  му даваат целосна поддршка на дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој се води со посредство на Европската Унија, како и дека се надеват на постигнување на сеопфатно и долгорочно решение„-се наведува во соопштението.

Вучиќ на американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија му кажал дека мисли да ќе му биде многу тешко да постигне договор меѓу Белград и Приштина, но дека ќе продолжи да вложува максимални напори за постигнување трајна стабилност на Западниот Балкан.

Тачи, по разговорот со Мичел на својот Твитер профил напиша дека имал одличен разговор со Мичел и дека му е благодарен за неговата и поддршката на САД за постигнување на мирниот, правно обврзувачки договор меѓу Косово и Србија.

„Договоривме координирани чекори за постигнување напредок. Американската поддршка беше и останува од витално значење за евроатлантската перспектива на Косово“, напиша Тачи по телефонскиот разговор со Мичел.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести