Прашање на денот е кој тоа му ветил на судијата Огнен Ставрев од Кривичниот Суд во Скопје дека Сашо Мијалков иако во притвор сепак ќе успее да стигне на судење денес?!

Објавил: Мирко Бачиќ | 3 декември, 2018 11:06

Мијалков и од “Шутка” доцни на судење

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Обвинетиот Сашо Мијалков иако во притвор во истражниот затвор во Шутка, успева да задоцни за судските рочишта.

Сашо Мијалков се уште не е дојден во судот на ричиште за „Титаник 2“ поради процеудурите потребни за да се спроведе од затворот „Скопје“ по одредувањето на мерката притвор од 30 дена за „Империја“.

На судијата Огнен Ставрев му ветиле дека ќе биде донесен. Се чека да се доведе Мијалков, во 11 часот.

Сите други обвинети за „Титаник 2“ се присутни.

Се очекува судењето да почне околу 11 часот.

„Титаник 2“ се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година.

Покрај Сашо Мијалков, обвинети се и лидерот на ДПА, Мендух Тачи, како и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.