Поточно, тој е на бродот "Diamond Princess" закотвен во Јапонија во карантин заедно со уште 13 други српски државјани заболени од коронавирусот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 февруари, 2020 11:02

Младен од Ниш е момчето кое заболе од коронавирусот: Семејството во солзи- ова е неговата последна желба

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Младен Трандафировиќ од Ниш е момчето заразено со коронавирус.

Поточно, тој е на бродот “Diamond Princess” закотвен во Јапонија во карантин заедно со уште 13 други српски државјани заболени од коронавирусот.

Стотици патници се заклучени во нивните кабини, а тестовите за коронавирус продолжуваат.

Младен на бродот “Diamond Princess” работи како келнер веќе седум години.

Младен на бродот “Diamond Princess” работи како келнер веќе седум години.

Иако боледува од коронавирус, се чувствува добро, а семејството е загрижено бидејќи тој  страда од хроничен бронхитис.

Според првичните информации, С.О. (29) од Србија.

Српскиот министер за здравство Златибор Лончар верува дека двајцата ќе останат во Јапонија на лекување.

– Мислам дека нема да сакаат да ризикуваат да ги испратат овие пациенти во Србија, да бидат во контакт со повеќе луѓе, туку ќе го преземат нивниот третман.

Младен е роден во Кладово, но се пресели во Ниш пред десетина години. Тој веќе седум години бил вработен како келнер на крстарење, што отсекогаш било негова желба. Тој е голем верник, па затоа го замолил семејството итно да го испрати Новиот завет во Јапонија.

Тој е убеден дека сè ќе заврши добро.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.