Мартин Трајковски кој е исто така и вработен во Царинската Управа, често пати е забележан во друштво со високи функционери на СДСМ кои претходно беа поврзувани со нарко картелите од Грчец и Арачиново.

Објавил: Рејхан Бајрами | 20 март, 2022 9:20

МЛАДИНАТА НА СДСМ ПО СТАПКИТЕ НА ВИСОКОТО РАКОВОДСТВО – СЕ ПРЕТВОРА ВО НАРКО КАРТЕЛ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

МЛАДИНАТА НА СДСМ ПО СТАПКИТЕ НА ВИСОКОТО РАКОВОДСТВО – СЕ ПРЕТВОРА ВО НАРКО КАРТЕЛ

Од неофицијални извори дознаваме дека советникот во општина Ѓорче Петров од СДСМ и воедно претседател на ЛК СДММ Ѓорче Петров, Мартин Трајковски (21) бил лишен од слобода заради сомневање со трговија со дрога.

Реакцоја на левичарската младина!
Реакција на левичарската младина!

Против него е поднесена кривична пријава по членот 215 од кривичниот законик на Република Македонија. Изненадувачки или не засега ниту еден медиум не ја пренесе оваа информација, а од нејасни причини во билтенот на МВР се’ уште не е објавен записникот поради наводна нивна координација со ОЈО Скопје.

Мартин Трајковски кој е исто така и вработен во Царинската Управа, често пати е забележан во друштво со високи функционери на СДСМ кои претходно беа поврзувани со нарко картелите од Грчец и Арачиново.

Оваа квислиншка партија продолжува да продуцира расипнички кадри и станува заштитен бренд на криминалот во Република Македонија.

Црвена Младина јавно го повикува советникот да си поднесе оставка од советничката функција во Општината се’ до целосно расчистување на случајот.

Црвена Младина

Магазин се оградува од содржината на објавениот материјал.

Како портал го пренесуваме материјалот за информирање претходно објавен јавен интетес.

*Напомена: Магазин не одговара во однос на вистинитоста на материјалот, нема информација за времето кога тој е снимен, ниту содржината.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.