Преку ноќ, за Евопската Унија, од "слепо црево наречено земји од Западен Балкан", станавме срцето на Европа, и единствена можност за помирување во Југоисточна Европа

Објавил: Мартин Попоски | 16 октомври, 2018 6:44

Могерини го вклучи “црвеното светло” во ЕУ, уставните измени не поминуваат

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Договорот за промена на името на Македонија може да има широк позитивен ефект врз сите земји во Југоисточна Европа.

Ова го изјави Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европска унија, (ЕУ), Федерика Могерини.

Во интервју за Athens Macedonian News Agency (AMНА), Могерини таа вели дека Преспанскиот договор меѓу Грција и Македонија е “единствена можност за помирување во Југоисточна Европа”.

Могерини ги пофали грчкиот премиер Алексис Ципрас и неговиот македонски колега Зоран Заев за “политичката храброст” што ја покажаа при потпишувањето на историскиот договор.

Имав привилегија да присуствувам на потпишувањето на договорот од премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев во јуни крај езерото Преспа. Двете страни покажаа политичка храброст, лидерство, одговорност, неуморно работејќи за да ги надминат старите несогласувања и тешкотии, со цел да се постигне овој историски договор, кој беше поздравен од цела Европа. – изјави Могерини.

Таа истакна дека е свесна за “сензитивноста” и сложениот историски контекст на проблемот.

Според Могерини, во моментов постојат две процедури на национално ниво за имплементација на договорот и во двете земји и тие треба да бидат испочитувани.

Нашата позиција е јасна. Европската Унија целосно го поддржува постигнатиот договор. Ова е единствена можност за помирување на земјите од Југоисточна Европа. – рече таа.

Запрашана дали ќе се забрзаат постапките за приемот на Македонија кон ЕУ, ако резултатот од гласањето биде позитивен, Могерини одговори дека регионалната соработка и добрососедските односи играат клучна улога во посветеноста на блокот кон овој регион и се клучни принципи во процесот на проширување.

Решавање на такво тешко прашање има голема важност за регионот, но исто така е и можност за напредок на патот на земјата кон ЕУ. – рече Могерини, додавајќи: Ако таа динамика се користи мудро, за да напредне и работата на реформите, кои се потребни, ќе направиме значителен напредок во преговорите. – додаде таа.

Според неа, постигнатиот историски договор може да даде значителен придонес во трансформацијата на целиот регион на Југоисточна Европа. Промовирањето на добрососедските односи им помага на земјите на ЕУ да работат заедно, вклучително и во области како што се безбедноста и миграцијата.

Кризата со бегалците ни покажа дека војните, кои започнуваат далеку од Брисел или Атина, влијаат на Европа. Западен Балкан е во срцето на Европа, ние сме меѓусебно поврзани. –  истакна категорично Могерини.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.