По објавување на  транскриптот и аудио формата кои се објавени без никакви промени, онака како што е доставен од свиркачи се огласи и Драги Рашковски кои во реакцијата вели дека тендерот и изборот на најповолен понудувач се направени во 2016 година.

Објавил: Весна Петровска | 29 јуни, 2019 11:35

М-НАВ контра тврдењето на Рашковски дека Договорот е од 2016 година- еве кога бил потпишан договорот

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Откако вчера Експрес.мк објави спорен тендер вреден 7 милиони евра каде преку  разговор меѓу тројца високи државни функционери се договара тендер финансиран од Европската Банка за Обнова и Развој (EBRD).

М-НАВ потпиша договор за набавка на најсовремен систем за контрола на летање

По објавување на  транскриптот и аудио формата кои се објавени без никакви промени, онака како што е доставен од свиркачи се огласи и Драги Рашковски кои во реакцијата вели дека тендерот и изборот на најповолен понудувач се направени во 2016 година.

Сепак на официјалната страна на М-НАВ на 14 декември е објавена вест дека е потпишан договор со италијанскиот производител „Леонардо“ за набавка и инсталација на новиот систем за управување со воздушниот сообраќај во М-НАВ.

Според нивниот извештај се вели дека Договорот вклучува нова техничко-оперативна просторија погодна за сместување на системот.

Додека процесот на набавка бил спроведен во согласност со правилата и полисите на ЕБОР, со што целокупниот процес беше надгледуван и одобрен од ЕБРД.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести