Тој вели дека според негови информации во последниве три месеци започнувајќи од декември,масовно се менуваат кадрите во Бирото за јавна безбедност.

Објавил: Рејхан Бајрами | 6 март, 2019 20:52

Наместо на работа во стоматолошка ординација, забни техничари си се вработиле во МВР

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Поранешниот директор на УБК Горан Митевски во емисијата Отворено на ТВ Алфа, рече дека забни техничари се вработуваат во МВР и во Бирото за јавна безбедност иако имаат несоодветно образование.

Митевски поранешниот директор на УБК, во Отворено на Алфа телевизија, рече дека Министерот Спасовски не ги објаснил критериумите за избор, во Агенцијата за националната безбедност на сите оние лица кои треба да преминат во новата агенција.

Тој потенцираше дека во МВР се вработува несоодветен кадар и дека има случаи каде забни техничари, се вработуваат во МВР и во Бирото за јавна безбедност, иако имаат несоодветно образование, но истите се роднини на некои партиски функционери и пратеници од владејачкото мнозинство.

Горан Митевски поранешниот директор на УБК Горан Митевски во јавноста важи за аналитичар кој ги анализираше политичките бомби објавени од проектот за ,,Вистината на Македонија” на опозициската СДСМ во своите јавни настапи и во дел од интернет медиумите.

Митевски рече дека на местото на разрешените искусни кадри доаѓаат млади и неискусни, кои допрва ќе треба да се обучуваат, а тоа создава големо незадоволство кај вработените во МВР.

Тој вели дека според негови информации во последниве три месеци започнувајќи од декември, масовно се менуваат кадрите во Бирото за јавна безбедност.

Министерот Спасовски не ги објасни критериумите за избор за во Агенцијата за национална безбедност на оние лица кои треба да преминат во новата агенција, односно кој од нив е подобен или не, после две години од неговото министерување имајќи ги сите механизми во рака, треба да си поднесе оставка зошто тоа го премолчел 2 години, доколку во МВР имало несоодветен кадар, вели Митевски.

Тој изјави дека според новиот најавен закон сите вработени нема да преминат во новата агенција, туку се очекува добар дел од нив да бидат отпуштени без притоа да се објаснат критериумите како тоа ќе се селектира.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.