Од банката додаваат оти согласно со законската регулатива, со денот на донесувањето на решението за укинување на дозволата за основање и работење на банка, банката престанува со работа и престануваат надлежностите на Народната банка.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 август, 2020 21:44

Народна банка до Костовски: Нашите надлежности престанаа на денот кога беше укината дозволата

Фото/Текст извор: ©лидер.мк

Народната банка во соопштение реагира на денешниот јавен апел на Трифун Костовски, сопственикот на „Еусростандард банка“ да се повлече одлуката за стечај на банката, објави Лидер.мк.

„Народната банка ја укина дозволата за основање и работење на ‘Еуростандард банка’ АД Скопје на 12 август 2020 година, поради несолвентност на банката, односно неисполнување минимални законски услови за работа на банка, при неостварување на преземената обврска од сопствениците за навремено обезбедување на неопходниот капитал за работа на банката, од сопствени извори или од потенцијален инвеститор којшто ги исполнува законските услови и критериуми за акционер на банка“, велат од Народната банка.

Од банката додаваат оти согласно со законската регулатива, со денот на донесувањето на решението за укинување на дозволата за основање и работење на банка, банката престанува со работа и престануваат надлежностите на Народната банка.

Како што веќе имаме истакнато, при остварување на своите законски утврдени цели и задачи, Народната банка се води исклучиво од законите, притоа штитејќи го интересот на граѓаните“, се наведува во соопштението на Народната банка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.