По отстранетата ознака за тајност, САД на Русија и на НАТО им ги доставила доверливите документи со кои алијансата му ветила на Горбачов дека нема да се шири кон Исток

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 октомври, 2018 12:57

НАТО му ветил на Горбачов дека нема да се шири на исток

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Портпаролката на руската диломатија, Захарова со прашање “што со дадените ветувања од НАТО до Горбачов дека нема да се шири кон исток?”

Постои доказ дека НАТО му ветил на претседателот на Советскиот сојуз, Михаил Горбачов дека нема да се шири кон исток, иако генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг го тврди спротивното, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Михаил Сергеевич Горбачов (84) е поранешен водач на Советскиот сојуз од 1985 до 1991 година. Неговата обид за реформи довела до крајот на Студената војна, но исто така доведе до крај на Врховниот политички орган на Комунистичката партија на Советскиот сојуз на КПСС и распуштање на Советскиот Сојуз. Добитник е на Нобелова награда за мир во 1990 година.

Нема пишани гаранции и ништо не е потпишано, но се случил “џентламенски договор”. Друго е што сите тоа го заборавиле и не сакаат да се сеќаваат, но тоа се случило. – истакна Захарова.

Според неа, доказите се наоѓаат меѓу архивираниот материјал од кој неодамна е отстранета ознаката за тајност во САД.

На состанок во февруари, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров му врачи на Столтенберг повеќе изводи од тие документи. Мислам дека од февруари досега Столтенберг имал доволно време да ги прочита. – нагласи Захарова.

Таа истакна дека некои западни земји забораваат дека такви ветувања некогаш биле дадени.

За жал, таквиот став уште повеќе го намалува нивото на доверба и ја покажува вистинската вредност на другите ветувања кои ги дале и моментно ни ги даваат нам или на некој друг. – изјави Захарова.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.