По т.н. Арапска пролет, во која е убиен водачот на Либија, Моамер Гадафи, во 2011 година, државата се соочува со константна состојба на граѓанска војна меѓу две поголеми формации

Објавил: Мартин Попоски | 24 септември, 2018 11:20

Најмалку 120 убиени во борбите во Триполи

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Во борбите за контрола врз либискиот главен град Триполи во изминатиот месец биле убиени најмалку 120 лица, а 385 се ранети, соопшти либиското Министерство за здравство.

Се работи за две вооружени групи, едната локајна на Владата, а другата организирана околу Седмата пешадиска бригада на либиската армија, која властите се обидоа да ја расформираат.

Овој обид предизвика бунт, при што бригадата, која дејствува од градовите Тархуна и Мизрата, се обидува да преземе контрола врз главниот град.

На почетокот на септември беше договорен прекин на огнот со посредство на Обединетите нации, но тоа не траеше долго.

Либија е во состојба на граѓанска војна од Арапската пролет и соборувањето на нејзиниот водач Моамер Гадафи од страна на САД, Велика Британија и Франција во 2011 година.

Триполи и западните делови на земјата досега беа во рацете на меѓународно призната Влада, додека истокот го контролираат ривалски единици, но и контролата врз Триполи сега е отворено прашање.

Граѓанската војна придонесе Либија да стане главна транзитна зона за африкански мигранти кон Европската унија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.