Обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска, соопшти првоосомничениот го искористил своето влијание кај јавен обвинител и зел 1,5 милиони евра од лице под истрага за да му ја олесни положбата.

Објавил: Рејхан Бајрами | 15 јули, 2019 19:49

РЕКЕТАРСКА ЖРТВА: Еве кој е бизнисменот кој бил рекетиран од Боки 13 во име на Катица Јанева!

Фото/Текст извор: ©лидер

Познатиот скопски бизнисмен Јордан (Орце) Камчев бил мета на рекет од страна на Бојан Јовановски познат како Боки 13 и Зоран Милевски познат како Кичеец – дознава Лидер од извори на истрагата.

Камчев е сопственик на Орка Холдинг, Аџибадем Систина, ЗК Пелагонија и уште неколку успешни бизниси. Во минатото тој се поврзуваше со името на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков.

Како што неофицијално дознава Лидер, Камчев го пријавил случајот откако осомничените и пристапиле на неговата сопруга и на неколку средби со него им побарале 8 милиони евра за ослободителна пресуда за случајот на СЈО “Империја” или 5 милиони евра за поблага пресуда.

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднела оставка токму поради ова што е дел од случајот и знаела што ќе се случува и дека можно и нејзино приведување.

Јовановски и Милевски, на Камчев успеале да му извлечат 1.5 милиони евра. Како што неофицијално дознаваме, во рекетот биле вмешани и неколку политичари од владејачката СДСМ со кои Јовановски е во постојана комуникација и блиски односи.

Во јавноста се шпекулира дека Камчев дури успеал и да ги сними рекетарите додека во неговиот дом од него изнудуваат пари. Овие снимки се наведуваат како главна причина поради која ОЈО го отвора случајот.
Непосредно откако му ги земале парите на Камчев, Јанева ја тргна мерката домашен притвор за него а подоцна и му го врати пасошот.

Економски Лидер од извори во истрагата дознава дека денешната оставка на Јанева е поврзана токму со апсењето на Јовановски и Милевски, затоа што, двајцата изнудувале пари од познат бизнисмен за да стопираат истражна постапка на Специјалното Јавно Обвинителство. Неофицијално, од непотврдени извори дознаваме дека се работи за случајот Империја.
Контроверзниот Боки 13 изнудувал пари благодарение на неговата бизнис поврзаност со Катица Јанева,чиј син, Лазар Јанев, е вработен во раководните структури на 1 ТВ како директор на маркетинг.

Оваа поврзаност на Боки 13 со Катица Јанева е основата на рекетот, а како што дознава Лидер од извори во истрагата, Јанева исто така била вмешана во рекетот и се истражува текот на парите за да се види дали и во нејзиното семејство завршиле дел од изнудените пари. Во наредните денови се очекува таа да биде повикана на распит.
Освен тоа што нејзиниот син е вработен во телевизијата на Јовановски, Јанева со сега приведениот е во блиски пријателски односи веќе неколку години.
Како што дознава Лидер, токму затоа, денеска Јанева си поднесе оставка, со образложение дека тоа го прави за политичките партии да немаат проблем во преговорите за продолжување на мандатот на СЈО.

Јовановски и Милевски, на Камчев успеале да му извлечат 1.5 милиони евра. Како што неофицијално дознаваме, во рекетот биле вмешани и неколку политичари од владејачката СДСМ со кои Јовановски е во постојана комуникација и блиски односи.

Инаку, за да му завршат работа на бизнисменот кој важи за еден од најбогатите во Македонија, Јовановски и Милевски му барале 8 милиони евра за ослободителна пресуда или 5 милиони евра за намалување на казната. Договориле парите да ги добиваат на рати, а тие пред да бидат уапсени успеале да наплатат 1.5 милиони евра.

Обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска, соопшти првоосомничениот го искористил своето влијание кај јавен обвинител и зел 1,5 милиони евра од лице под истрага за да му ја олесни положбата. Второосомничениот овозможувал средби со лицето под истрага, кое во оваа истрага е сведок.

При овие средби, кажа Рускоска, биле побарани 8 милиони евра од сведокот за да се запре кривичната постапка против него, но откако добиле 1,5 милиони евра, тие се посомневале во доверливоста на сведокот и престанале со средбите.

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднела оставка токму поради ова што е дел од случајот и знаела што ќе се случува и дека можно и нејзино приведување.

Во нејзината официјална оставка, таа објави дека нејзината оставка ќе стане активна тогаш кога политичките партии ќе се усогласат за новото законско решение и ќе го изберат нејзиниот наследник.

Магазин се оградува од содржината на објавениот материјал. Како портал го пренесуваме материјалот за информирање претходно објавен јавен интетес.

*Напомена: Магазин не одговара во однос на вистинитоста на материјалот, нема информација за времето кога тој е снимен, ниту содржината.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести