Најческа во последно време се погласно ги критикува политиките на нејзините соборци од Шарената, последен за "отстрел" и беше "попот" за министер за внатрешни работи

Објавил: Мартин Попоски | 9 декември, 2018 7:05

Најческа до Спасовски: “Ти си кретен чим го дозволуваш ова!”

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Универзитетската професорка Мирјана Најческа, активен учесник во Шарената револуција, со жестока критика до министерот за внатрешни работи и полицијата.

Најчевска во последно време е гневна на актуелната власт со која рамо до рамо се обидуваше да го урне “режимското” владеење на ВМРО – ДПМНЕ кое очигледно го заменила со друго, сега реагира затоа што од МВР дозволуваат без да има демонстранти одредени иницијативи да го блокираат соображајот во Скопје.

На социјалните мрежи Најческа прикачи фотографии од протестот и вели дека кога ќе се види немасовноста на протестите, излегува дека всушност полицијата попречува сообраќај а не демонстрантите.

Ова значи дека министерот за внатрешни работи ги испратил полицајците да го блокираат сообраќајот во Скопје.

Ма кој кретен треба да си за да дозволиш вакво нешто.

Дај бре тргнете го попот од раководното место во полицијата заедно со сите корумпирани кадри од времето на Мијалков кои се уште ведрат и облачат во министерството. – напиша Најческа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.