Министерот за правда на Унгарија, Трочањи појасни дека поранешниот премиер ќе добие уредни документи за привремен државјанин и дека нема основ за естрадикција

Објавил: Мартин Попоски | 21 ноември, 2018 12:59

На Дескоска и “зујат ушите”, Трочањи и порача да си ги чува 800 страни за естрадикција

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Откако вчера унгарските власти одлучија позитивно по барањето за доделување политички азил поради политички прогон на поранешниот премиер, Груевски, денес сите шпекулации стави министерот за правда.

Имено унгарскиот министер за правда, Ласло Трочањи, откако ја ислуша изјавата на неговата македонска колешка, угледна професорка во фелата но нејасен политичар, Рената Дескоска, изјави дека Никола Груевски може да аплицира за патнички документи како бегалец и потоа да ја напушти Унгарија.

Министерот тврди дека Унгарија не може да го екстрадира Груевски во Македонија бидејќи тој добил азил врз основа на неговите укажувања дека против него се водат фабрикувани судски постапки.

Според меѓународните конвенции на кои се повикува Дескоска во оваа фаза естрадикција не е можна. Поранешниот премиер ќе добие комплетни документи како привремен државјанин на Унгарија и се додека е на територија на таа држава, тој е слободен човек.

Министерот Трочањи додаде дека не го прочитал објаснувањето за азилот на Груевски, но дека истовремено не е изненаден што му е одобрен азил бидејќи, како што вели, ако поранешен премиер е во затвор, тоа може да биде тешка ситуација за него.

Со ова се потврдија информациите на Магазин дека Дескоска се усрами со преводот од над 800 страни барање за естрадикција кои сеуште не стигнале во Унгарија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.