Приштинскиот весник „Газета експрес“ наведува дека тие се обвинети за подготовка на напади на Косово и во европски земји

Објавил: Данаил Михајловски | 6 октомври, 2018 11:00

На Косово шестмина обвинети за планирање терористички напади

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Косовски обвинители соопштија дека против шест лица се поднесени обвиненија за планирање терористички напади и регрутирање за екстремистички групи.

Како што јави Танјуг, во соопштението не е прецизирано за какви терористички напади станува збор.

Приштинскиот весник „Газета експрес“ наведува дека тие се обвинети за подготовка на напади на Косово и во европски земји, а нивна цел бил и КФОР.

Шестмината обвинети биле уапсени во јуни годинава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.