Димитров Преспански договор им го "продава" на Русија, па изјави дека соработка со Москва е можна, само ако таа даде гаранции за територијалниот интегритет на Украина

Објавил: Мартин Попоски | 13 ноември, 2018 8:47

Нема соработка со Русија без територијални гаранции за Украина

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Македонскиот министер за надворешни работи, го навлече гневот на Руската Федерација со изјавата дадена за германскиот весник „Ди Велт“ со кој бара и тие да имаат уставни измени.

Имено шефот на македонската дипломатија, во интервјуто за „Ди Велт“ побара Русија да го гарантира теротиријалниот интегритет на Украина.

Членството на Македонија во НАТО не подразбира лоши односи со Русија. – порача македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров во интервју за германскиот весник „Ди Велт“, додавајќи дека предуслов за соработката се почитувањето на територијалниот интегритет и враќањето на мирот во Украина, пишува Ди Велт.

Димитров, чиј татко своевремено беше и амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација, ова барање го постави како предуслов за соработка.

Да се ​​биде дел од НАТО не мора да значи лош однос со Москва. –  изјави Димитров, а на барањето да објасни што сакал да каже со тоа, тој одговори: На долг рок ние мораме да ги надминеме тензиите меѓу Русија и Западот и повторно да соработуваме со Русија. Секако, предуслов е да се почитува територијалниот интегритет и да има мир во Украина. Ние Европејците имаме потреба од подобар долгорочен однос со Русија. Членството во НАТО не значи да се биде против Русија засекогаш.

Преспански договор, според Димитров е е „најдобриот компромис што можеме да го добиеме, гледајќи какви лути луѓе има и во едната и во другата земја“ и го посочи како пример за Русија и Украина.

Политичкото помирување е важно, треба да ја доведеме нашата поларизирана земја во нормална држава. Од друга страна, не смееме да создадеме нови пречки на нашиот пат кон ЕУ. Тоа е историски процес со многу пречки и тоа е последната шанса на мојата генерација да ја придвижи земјата напред. – заклучи Димитров во интервјуто за „Ди Велт“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.