Специјализираниот портал за здравство со шокантни податоци, Мој термин за ноември нема на клиниките за кардиологија и урологија, па пациентите се праќаат Гостивар и Дебар

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 ноември, 2018 11:01

Нема термини за “Мој термин” до декември

Фото/Текст извор: ©zdravstvo.mk

Пациентите последните недели масовно се соочуваат со проблемот да обезбедат термин за преглед, затоа што прегледите не може да им ги закажат матичните лекари и ова полека станува сериозно секојдневие.

Порталот здравство.мк направи истражување од сферата во кој е специјализиран и наиде на шокантни податоци. Термин за на лекар, нема ни за лек. 

Не дека сме среќни со закажување преку Мој термин, туку сега е проблем што матичните лекари не можат да ни закажат преглед или имаат забрани и ни велат системот не ни дозволува или нема термини. – сведочи револтиран граѓанин во клиничкиот кампус Мајка Тереза.

Од друга страна матичните лекари не можат да одговорат на сите потреби на пациентите, туку како што велат има случаи кога мора да се упатат на специјалист.

Често се случува за многу од клиниките да нема термин. Граѓаните пак често инсистираат и на одредени клиники, на пример не во Градската општа болница, туку на клиника. И граѓаните имаат свои барања, а дополнително на тоа ниту системот не функционира како што треба. – вели матичен лекар.

Познавачите на приликите пак велат проблем е со менаџирањето на клиниките.

Доколку директорот прави план за три месеци за работа на одредена клиника, тогаш и докторите ќе може да имаат план и да се отворат термини. велат анонимни извори кои го познаваат системот на работење. 

Колку за информација ако сакате да одите на Клиниката за кардиологија не може. За месецов сите термини се зафатени, а за декември не е отворен ниту еден. Слична е ситуацијата и на Клиниката за урологија каде нема термини за декември. На пример, за уролошки прегледи може да одите во Гостивар и Дебар.

На Клиниката за пулмологија на пример може да најдете терин за крај на месецов.

За оваа Клиниката има мало олеснување веројатно зошто во амбулантата од неодамна има лекар кој е задолжен за лицата со приоритетни упати. – вели матичниот лекар.

Владата во предизборната програма пак ветуваше подобрување на функционирањето на Мој термин.

Ќе го надградиме Мој термин во систем кој ќе гарантира брза и квалитетна здравствена заштита на секое ниво, со точно определени рокови и одговорност. Вака надградениот систем сериозно ќе го намали времето кое пациентите и лекарите го трошат на административни работи. – се вели во предизборната програма на СДСМ.

Но, наместо подобрување, сведочењата говорат за големи проблеми.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...