Израелскиот премиер ја искористи посетата на Литванија да истакне дека безбедносните служби на Израел ги чуваат животите и на граѓаните на Европа

Објавил: Мирко Бачиќ | 27 август, 2018 13:46

Нетанјаху: Евреите и натаму се во опасност

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху оцени дека Евреите и натаму се во опасност иако од Холокаустот изминаа повеќе децании.

На крајот на четиридневната посета на Литванија Нетанјаху изјави дека и натаму постојат луѓе кои сакаат да ја уништат еврејската држава како што се Хамас и Иран.

“Она што е сменето е нашата способност да се одбраниме. Веќе не сме без одбрана. Веќе не сме беспомошни. Ние сме сила која ја контролира својата судбина со помош на државата Израел и војската на Израел. Тоа е величествена промена на историјата. Тоа е она што значи еврејска држава. Способност на Евреите сами да се бранат.” – изјави Нетанјаху за време на посета на синагога во Вилнус.

Тој порача дека израелските разузнавачки служби чуваат европски животи и оти е време Европа тоа да го сфати.

“Спасивме толку европски животи во многу држави. Израел на повеќе начини е чувар на Европа и време е Европа тоа да го сфати истакна Нетанјаху. Тој појасни дека во повеќе наврати во минатото израелската разузнавачка служба обезбедила информации со кои биле спречени терористички напади во Европа вклучувајќи и напади на цивилна авијација.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.