Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на говорот во Обединетите нации покажа наводни докази за постоење таен ирански објект за складирање нуклеарно оружје

Објавил: Мартин Попоски | 28 септември, 2018 12:12

Нетанјаху: Иран има таен објект за складирање нуклеарно оружје

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на говорот во Обединетите нации покажа наводни докази за постоење таен ирански објект за складирање нуклеарно оружје.

Нетанјаху од говорницата покажа мапи и фотографии на наводен таен атомски магацин во областа Туркузабад, близу Техеран.

Тој обвини дека објектот се користи за чување огромни количества опрема и материјали од иранската тајна програма за оружје.

Нетанјаху во исто време ги обвини и европските држави дека се попустливи за Иран поради обидите за враќање на трговијата со таа земја и покрај неговите нуклеарни активности.

За сега, нема реакција од Техеран, кој вообичаено одрекува дека развива нуклеарно оружје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.