Афкари беше погубен утрово откако беа исполнети последните желби на неговите роднини, пренесоа иранските медиуми.

Објавил: Перо Милчин | 12 септември, 2020 12:17

ПОГУБЕН НАВИД АФКАРИ: И покрај протестите ширум светот и молбите на Трамп, утрово беше убиен младиот ирански борач!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Младиот борач беше осуден на две смртни казни за убиство на чувар на антивладините протести што се одржаа во 2018 година во Шираз.

Навид Афкари, млад ирански борач, беше погубен утрово, откако беше осуден на смрт за убиство на припадник на обезбедувањето за време на протестот против властите во 2018 година, пренесуваат агенциите.

Афкари беше погубен утрово откако беа исполнети последните желби на неговите роднини, пренесоа иранските медиуми.

Младиот борач беше осуден на две смртни казни за убиство на чувар на антивладините протести што се одржаа во 2018 година во Шираз.

Сепак, постои сомневање дека Афкари бил измачуван со цел да даде лажно признание, а активистите за човекови права тврдат дека успешниот борач само мирно протестирал, додека неговиот адвокат додаде дека нема докази за неговата вина.

Иранското судство ги негираше обвинувањата за тортура.

“Афкари уби невин човек со нож. Судот донесе смртна казна врз основа на цврсти докази, а Врховниот суд ја поддржа таквата пресуда”, се вели во соопштението на судот.

Групите за права и странските претставници, вклучително и американскиот претседател Доналд Трамп, побараа да се укине одлуката за извршување на смртната казна, а кампањата #SaveNavidAfkari беше покрената на социјалните мрежи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.