Трпковска рече дека поради болест на сопругот, целото семејство било во комуникација.

Објавил: Весна Петровска | 27 ноември, 2019 15:49

НЕУТЕШНАТА МАЈКА СО СОЛЗИ ВО ОЧИТЕ: Имав две деца, сега ми остана едно

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Имав две деца. Сега имам само едно. Едното дете ми е убиено. Ова го рече денеска со солзи Маја Трпковска, мајка на убиениот Пино Секондо, за кој имаше рочиште.

– Тешко ми е кога сум дома, тешко ми е да влезам во соба на моето дете. На Пино најубаво му беше во Македонија и тука сакаше да остане. Тој сакаше тука да отвори кафетерија и работилница за возила. Сон му беше да работи со возила. Пино имаше девојки, но имаше и такви кој излегуваа со него од економски причини. Обвинетата Ангела Ѓорѓиевска не му беше вистинска девојка, туку девојка од вториот вид кој ви го опишав. За тоа имам видео докази, но и ги имам прочитани и пораките од нив двајца. Тоа го знам будејќи таа има доаѓано кај нас дома за да водат љубов. Тоа ми го има кажано мојата внука, вели таа, пренесе Слободен печат.

Трпковска рече дека поради болест на сопругот, целото семејство било во комуникација.

– Кобната вечер Пино му кажал на татко му дека ќе оди да се види се некоја девојка. Таа вечер со помалиот син се враќавме од Италија кон Македонија. Следниот ден пристигнавме дома. Кога дојдовме дома, сопругот не беше на работа туку дома и беше вознемирен бидејќи Пино не се вратил. Двата телефони му беа исклучени. Помисливме да не имал несреќа, па го баравме по болници, но не го најдовме. Почнавме да го бараме кај другарите за да видиме со кое девојче требало да се види вечерта. Дознавме дека во преписка меѓу другарите дека “сигурно отишол да се види со ќоравата Ангела од Ѓорче”. Токму Ангела му потврдува на другар на Пино дека се виделе претходната вечер. Се обидов да ја добијам на телефон, но не ми се јави. Попладнето пријавив во полиција дека го нема Пино. Токму тогаш ми се јави Ангела и ми кажа дека вечерта се видела со Пино накратко и тој си заминал. Тоа ми беше сомнително, вели таа.

Обвинетата пак денеска на судење изјави дека не чувствува вина и дека ништо не сторила.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.