Употребените заштитни маски особено претставуваат потенцијален извор на зараза и согласно епидемиолошките препораки, овој тип на отпад треба да биде одложен уредно спакуван во двојни кеси.

Објавил: Рејхан Бајрами | 1 февруари, 2021 11:11

Не фрлајте употребени заштитни маски: Тие се потенцијален извор на зараза!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА АПЕЛИРА ГРАЃАНИТЕ СОВЕСНО ДА ГО ОДЛАГААТ ОТПАДОТ ОД ЗАШТИТНА ОПРЕМА!

Во текот на изминатите неколку месеци, екипите на ЈП Комунална хигиена се соочуваат со големо количество отпад од заштитни маски и ракавици што граѓаните го исфрлаат на јавните површини или пак несоодветно спакуван го одлагаат во садовите наменети за комунален отпад.

Употребените заштитни маски особено претставуваат потенцијален извор на зараза и согласно епидемиолошките препораки, овој тип на отпад треба да биде одложен уредно спакуван во двојни кеси.

„ЈП Комунална хигиена го третира отпадот од заштитна опрема како комунален отпад и граѓаните слободно смеат да го одлагаат во садовите поставени на јавни површини, без разлика дали станува збор за надземни и подземни контејнери, канти или корпи за отпадоци.

ЈП Комунална хигиена апелира употребените заштитни маски да ги одлагаат правилно и совесно и тие да бидат соодветно спакувани, со цел да се заштити здравјето на вработените во Претпријатието коишто секојдневно доаѓаат во контакт со овој потенцијално контаминиран отпад и воедно да се намали ризикот од ширење на вирусот Ковид-19.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.