Илегалната миграција во Македонија во пораст, исто како и помагателите за нејзино релизирање кои профитираат од неа, само за пет дена приведени 158 илегални мигранти

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 септември, 2018 12:00

Низ Македонија нелегални мигранти на секој чекор, синоќа уапсени 37 лица

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Во Македонија илегалната миграција “цвета”, мигранти каде и колку сакате, помагателите профитираат.

Во периодот од 18-ти септември до синоќа, од страна на полициски службеници во Полициската станица за граничен надзор “Сопот”, на самата гранична линија на потегот од Миратовачки пат кај село Лојане до автопатот спречен е обид за илегален влез во Република Македонија од правец на Република Србија на 121 лице мигранти во тринаесет случаи.

Од нив 112 биле од Иран, шест од Авганистан и три лица од Индија, информираат од МВР.

Додека вчера околу 16:00 часот од страна на патрола од Полициската станица за граничен надзор “Богородица” забележана била поголема група на лица кои се движеле од брана Паљурци кон сeло Фурка.

На дадена наредба од страна на униформирани полициски службеници да застанат, непознатото лице кое било на чело на групата се дало во бегство, а групата од 37 лица (мигранти) е сопрена. Во ПС Богородица се приведени 37 мигранти за понатамошна постапка, велат од МВР.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.