Министерството за здравство пред неколку дена ги објави броевите на кои пациентите треба да се јавуваат во случај да почувствуваат промена во здравствената состојба и симптоми на корона вирус.

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 10 март, 2020 11:33

НИКАКО ОДЕЊЕ НА ЛЕКАР ако ви се појават симптоми на корона вирусот, еве што треба да правите

Фото/Текст извор: ©vecer.mk

Министерството за здравство пред дваесетина дена објави телефонски броеви на кои граѓаните треба да се јават доколку имаат симптоми на корона вирусот. Помеѓу мерките кои треба да бидат преземени за превенција, Министерство за здравство ги објасни и постапките за преземање на мерки за заштита на јавното здравје и спречување на процесот на ширење на корона вирусот. По налог на Комисија за заразни болести, секој граѓанин треба да преземе одговорност прво за сопственото здравје, а потоа и за здравјето на другите. 

Ова се броевите на кои треба да се јавите доколку ви се појават симптоми на корона вирусот. Препораките се да не се јавувате на преглед кај матичен лекар бидејќи така може да се доведе под ризик здравјето на другите пациенти и лекарите.

Превентивните мерки кои треба да се преземат, а се предлог на СЗО можете да ги сретнете во медиумите, социјалните мрежи, но и на јавните простори, граничките премини и патарините низ земјава. Превентивни мерки кои се преземаат се: редовно и темелно миење на рацете со средства за дезинфекција или сапун и вода, конзумирање само на храна која е термички обработена, недопирање на лицето пред да се измијат рацете, избегнување на јавни собири, носење на маски и ракавици доколку природата на работата налага чест контакт со другите луѓе. 

Освен превентивните мерки за заштита, многумина во јавноста апелираат затворање на училиштата и ограничување на движењето на меѓуграничните премини, но и воопшто во јавен простор. Професори и родители сметаат дека самоизолацијата на учениците и студентите дома, може значително да придонесе во спречување на ширење на корона вирусот. Во моментот се разгледува можноста за преземање на нови мерки за заштита од ширење на корона вирусот. 

Потсетуваме дека за контакт по пристигнување во територијата на Република Македонија и при сомнителни симптоми налик корона вирусот патниците да се пријават на броевите за контакт кои се поделени во региони.

Во земјава досега се регистрирани седум случаи на заболени од корона вирус, откако вчера присуството на Ковид-19 беше регистрирано кај директорката на Клиниката за кожни болести, Нина Цаца Билјановска, а подоцна Министерството за здравство информира дека од осумте тестирани пациенти вчера попладне, тројцата членови на семејството на сопружниците од дебарско се позитивни.

Во меѓувреме, поради брзото ширење на коронавирусот од вчера цела Италија е таканаречено „заштитено подрачје” и движењето на луѓето е строго ограничено. Во Италија моментално има 7.985 заразени лица, а 462 лица починаа поради коронавирусот. Само вчера се потврдени 1.592 новозаболени од Ковид-19.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...