Потпретседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Николоски, побара од власта да демантира или потврди дека уставните измени се готови и Грција им ги дала во форма на неформален документ

Објавил: Мартин Попоски | 20 септември, 2018 7:06

Николоски: Грците ги напишаа и уставните измени

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николоски во „Отвореното студио“ на 1ТВ вели дека владата не сака да дискутира за содржината на договорот и прави класично избегнување на содржината на договорот.

Според него најпроблематичен член од договорот покрај промената на Уставот е членот 8 со кој што се предвидува формирање на меѓуресорска комисија помеѓу владата на Македонија и Грција која треба да излегува со извештај до каде е со ревизијата на историјата, археологијата, науката итн.

Ова е механизам за вечно траење на преговорите на Македонија за членство на ЕУ. Крупната разлика е дека во делот на Грција ние како држава доброволно ќе се согласиме да тој механизам се користи. Овој договор е вовед во вечно траење на преговори и многу лесно Македонија може да стане втората Турција. Договорот има многу фалинки за кои владата не сака да разговара се со цел да не стигнат до граѓаните. – вели Николоски.

Потпретседателот на ВМРО -Д ПМНЕ во емисијата откри дека уставните измени се веќе напишани од страна на Грција и дадени на Владата на Република Македонија. Тој притоа додава дека ако случајно помине референдумот тогаш граѓаните ќе гледаат еден театар и глума.

Според наши информации ја повикувам владата да не демантира. Уставните измени во делот на промената на името од Република Македонија во Република Северна Македонија, промената на преамбулата членот 3 и членот 49 се веќе напишани и тоа е завршена работа им биле дадени од страна на преставниците на македонската влада од страна на Грција во вид на нон-пејпер. Односно дури и амандманите на Уставот не ги пишува македонското собрание како што е редот во постапка која треба да почне после референдумот туку веќе ги има напишано грчката влада и ги има доставено и практично кога ќе почне тој процес ако почне ќе биде само една глума и еден театар дека се прават амандмани кои што веќе се напишани чија што содржина не ја знаеме и не се објавува во јавност. – истакна Николоски.

Тој додаде дека граѓаните на референдум треба да се одлучат за договорот, а според него како тие треба да одлучат ако не ги знаат сите факти. Тој повтори дека еден од најкрупните постулати на овој договор се уставните амандмани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.