Во Гватемала дојде до ерупција на вулканот Фуего. Агенцијата за катастрофи на таа земја соопшти дека загинале 25 лица

Објавил: admin@magazin | 4 јуни, 2018 12:48

Нова катастрофа: 25 мртви во ерупција на вулкан (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©светски агенции

Во Гватемала дојде до ерупција на вулканот Фуего. Агенцијата за катастрофи на таа земја соопшти дека загинале 25 лица, а повеќе десетици се повредени, но оти и има исчезнати.

Поради ерупција на вулканот кој исфрла црн чад и пепел во небото, евакуирани се околу 100 лица, а меѓународниот аеродром во престолнината ја затвори својата писта, пренесува Ројтерс.

Управата за цивилна авиација на Гватемала соопшти преку социјалната мрежа Твитер дека пистата е затворена поради присуство на вулканска пепел.

Вулканот се наоѓа на околу 40 километри југозападно од Гватемала сити.

Огромни облаци на час можат да се видат од различни делови на земјата, а пепелта која падна ги вознемири граѓаните. Властите од нив побараа да останат смирени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.