Апликацијата е креирана за сите посетители на Зоолошката градина Скопје, едноставна е закористење и нема потреба од креирање кориснички профил.

Објавил: Владо Марин | 11 септември, 2020 16:49

Нова мобилна апликација Skopje ZOO, која од денеска е достапна на Play Store и App Store

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Откријте го шарениот и разновиден животински свет на Зоолошката градина – Скопје преку новата мобилна апликација Skopje ZOO, која од денеска е достапна на Play Store и App Store.

Лансирањето на интерактивната апликација со која посетителите ќе добијат сосема поинакво доживување преку технологијата го означува почетокот на партнерството на Македонски Телеком и Зоолошка градина – Скопје.

Една од главните карактеристики на апликацијата е што за прв пат ќе можат да се купуваат единечни или групни билети онлајн, што во време на препорачана социјална дистанца е повеќе од посакувана опција.

Skopje ZOO апликацијата содржи и дигитална мапа за навигација, која откако ќе го изберете животното или објектот што сакате да го видите, ќе ви покаже рута како најлесно да стигнете до таму.

Преземете ја Skopje ZOO апликацијата!

Апликацијата е креирана за сите посетители на Зоолошката градина Скопје, едноставна е закористење и нема потреба од креирање кориснички профил.

Достапна е во три јазични верзии, а може да се преземе бесплатно од:
Google Play Store
Apple Store!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.