Стево Пендаровски официјално постана петти претседател на Република Македонија.

Објавил: Перо Милчин | 12 мај, 2019 12:48

Новиот претседател Стево Пендаровски ја даде свечената изјава!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Со давањето на свечената изјава во Собранието, Стево Пендаровски и официјално стана петти претседател на Република Македонија.

На инаугурацијата на ново избраниот претседател Стево Пендаровски присуствуваа синот и сопругата на Пендаровски, Елизабета Пендаровска, исто така последниот претседател Ѓорѓи Иванов, поранешниот претседател Бранко Црвенковски, како и сопругата на покојниот претседател Борис Трајковски, Вилма Трајковска.

Во собранието беа присутни српскиот претседател Александар Вучиќ, албанскиот претседател Илир Мета и косовскиот претседател Хашим Тачи, министерот за надворешни работи на Црна Гора Срѓан Дармановиќ, Министрите во Владата, началникот на ГШ на АРМ, гувернерската на Народна банка, поглаварите на верските заедници, претставници на судската власт, на МАНУ, како и гостите, бугарскиот претседател Румен Радев, грчкиот министер за надворешни работи Георгиос Катроугалос, заменик министерот за надворешни работи на Полска Мациеј Ланг, турскиот заменик министер за надворешни работи Фарук Кајмакчи и висок претставник на кабинетот на претседателот на Словенија Борут Пахор.

Инаугурација се одржуваше во рамки 96. собраниска седница, а започна со интонирање на македонската химна.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.