На Инфективната клиника денеска се сместени 86 пациенти, во ГОБ 40, од кои 4 се на ресипиратор. Во болницата во Козле се хоспитализирани три деца позитивни и за две деца се чека резултат- рече Филипче.

Објавил: Владо Марин | 8 октомври, 2020 15:33

Нови мерки: Најмногу 4 луѓе во еден стан, носење маска насекаде, забрана на семејни големи собири…

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција соопшти дека денешната бројка на новозаразени лица со коронавирус изнесува 364 и дека 414 лица се хопитализирани во болниците!

-Ова е најголем број на хоспитализации од крајот на јули.

На Инфективната клиника денеска се сместени 86 пациенти, во ГОБ 40, од кои 4 се на ресипиратор. Во болницата во Козле се хоспитализирани три деца позитивни и за две деца се чека резултат- рече Филипче.

Во некои болници капацитетите се исполнети, истака Филипче, па со претходен договор пациентите се испраќаат во Скопје, или Куманово. Целосно е подготвена болницата во Кочани, каде засега нема пациенти, има 60 болнички кревети. 

Ова се новите мерки:

-забрана на семејни поголеми собири, прослави и забави во домашни услови. Групирањето во домовите, слави, други собири во групи во едно живеалиште може да бидат најмногу четири лица од една сита фамилија, и плус најмногу четворица други од надвор. Анализите покажуваат дека големиот број од новозаразени се од семејни прослави

– се забранува групирање на јавен простор на повеќе од 4 луѓе после 22 часот. Забрана за собирање во паркови, бензински пумпи итн.

– се воведува задолжително носење на заштитни маски или друга заштитна опрема секаде при престој на отворено, на затворено во било кои јавни објекти, во јавен и приватен транспорт.

Исклучок од ова се при спортување, при транспорт во приватно возило ако сите во него се членови на една фамилија, при престој во службени канцеларии ако лицето е само во канцеларија, при седење во кафуле со почитување на мерките. Исклучок за носењње маски имаат и децата до 6 години.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...