Денеска се навршуваат седумдесет и шест години од убиството на Страшо Пинџур.

Објавил: admin@magazin | 4 јануари, 2019 12:11

Обележани 76 години од убиството на Страшо Пинџур

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Седумдесет и шест години од убиството на Страшо Пинџур се навршуваат денеска и за таа цел бројни делегации положија цвеќе на спомен-бистата пред неговата спомен-куќа во кавадаречкото село Ваташа.

Роден бил на 5 март 1915 година во Струмица, каде неговиот татко работел како учител. Завршил правен факултет во Белград. По капитулацијата на Југославија станал инструктор на ПК на Македонија, а потоа и член на Покраинскиот комитет. Во јуни 1942 година бил именуван за член на Главниот штаб на Македонија. Во декември 1942 година бил уапсен од бугарската полиција и по долго мачење убиен во скопскиот обласен затвор, рече историчарот Марија Михова од Кавадаречкиот музеј.

Страшо Пинџур македонски комунист, учесник во НОБ. Бил прогласен за народен херој на Југославија на 29 јули 1945 година, како еден од првите борци од Македонија кои го добиле тоа одликување (заедно со Мирче Ацев, Стеван Наумов – Стив, Орце Николов, Христијан Тодоровски – Карпош и Кузман Јосифовски – Питу). Како напреден студент, активно се вклучува во друштовото на напредните македонски студенти „Вардар“, а станува и член на Акциониот студентски одбор. Во текот на 1938 г. се обидува да се префрли во Шпанија и да се бори заедно со Интернационалните бригади. Тој доаѓа до Прага, но не успева да фати врска и да се враќа во Белград, поради неговата активност бил привиден во полицијата во мај 1938 и спроведен во Истражниот затвор во Ада Циганлија. На 4 јануари 1943 г., во просториите на Скопскиот областен затвор, како последица на силните измачувања, умрел Страшо Пинџур. Истата вечер, неговото тело било однесено во непознат правец и закопано на тајно место, така што до ден-денес не се знае неговиот гроб. На тој начин се остварило претскажувањето од неговиот дневник, кој го водел во 1933 г., каде тој запишал: „Јас ќе умрам млад, а гробот нема да ми се знае“.

Лични творби прочитаа ученици од Основното општинско училиште што го носи името на народниот херој. За неговата активност во организирањето на македонскиот народ за борба против фашистичкиот окупатор, како и за неговото храбро и достоинствено движење во затворот, Страшо бил прогласен за еден од првите народни херои во Македонија.

Во негова чест и во чест на Мирче Ацев е испеана песната „Ајде ќе те прашам, бре Донке“. Во родното село Ваташа е зачувана спомен-куќата на Страшо Пинџур, во која, во 1976 г. е поставена постојана изложба на експонати поврзани со неговиот живот. Куќата била реновирана во 2012 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.